Ракомет

ИНА ПРОЕСКА ЕДНА ОД НАЈТАЛЕНТИРАНИТЕ РАКОМЕТАРКИ ВО РК ФИЛИП ВАРДАР

ИНА ПРОЕСКА

Во Баркод.мк имавме можност да добиеме неколку одговори од младата и успешна ракометарка Ина Проеска, како и колку се исплаќа целата упорност може да видеме од нејзините одговори. Според неа нема големо достигнување без голема љубов и труд вложени кон она што го работиме.

Баркод.мк: Кажете ни накратко за себе си ? Кои се Вашите силни и слаби страни ?

Јас сум Ина Проеска од Крушево,ученичка во 9то одделение во Основното училиште “Никола Карев” Крушево.Со ракомет се занимавам веќе трета година и слободно можам да кажам дека преку Вардар Јуниор лигата почнуваат да се остваруваат дел од моите соништа.Како мои јаки страни ги вклучувам упорноста,истрајноста и тврдоглавоста(хаха многу битни за еден спортист)и сум добар тимски играч,а од слаби страни имам само една-не поднесувам порази.

Баркод.мк: Од кога се занимавате со ракомет ?

Веќе и напоменав дека трета година се занимавам со ракомет и тоа во Филип Вардар во Прилеп,под менторство на Александар Танески.

Баркод.мк: Каде настапувате, и на која позиција играте ?

Играм како лево крило.

Баркод.мк: Кој беше мотивот да почните да се занимавате со ракомет ?

Мојата желба кон ракометот е поврзана со една прекрасна личност и тажна приказна.Имено додека беше жив чичко ми Тоше Проески,во нашата фамилија често доаѓаше Андријана Будимир.Јас бев мала,имав 5-6 години,а често си играв со неа.Знаев само дека е најубавата ракометарка и дека тоа што го игра е најдобриот женски спорт.Едноставно Будимир е мојата мотивација и мојот идол.

Баркод.мк: Дали во иднина се гледате како идна ракометна ѕвезда ?

Хм па јас живеам за тоа…Но соништата, за жал,не се остваруваат лесно.

Баркод.мк: Кои се вашите ракометни идоли и зошто ?

Веќе споменав дека Будимир ми е најголем идол,и се восхитувам и на Андреа Лекич,а неможам да го изоставам името на мојот сограѓанин Филип Талески,кој претставува крушевска гордост.

Баркод.мк: Кои се вашите планови за во иднина ?

Засега продолжувам да тренирам во Филип Вардар со поголеми вложувања и желба за подобри резултати,а во Иднина … ах, навистина незнам што да очекувам од иднината.

Баркод.мк: Во какви услови се тренира во ЖРК Вардар ?

Условите не се за потценување,салите се секогаш чисти,уредни со соодветна температура,тренерите најдобри и максимално пожртвувани.

Баркод.мк: Кои се успесите со твојот тим во последниве 2 години ?

Активно учествуваме на сите утакмици и претходната сезона освоивме злато, во финале со екипата на Кастратович 2002..

Баркод.мк: Ваша порака до младите ?

Најдобриот влог за секој млад човек е влогот во спортот и апел до сите млади секое слободно време да го посветат на себеси спортувајќи.

Баркод.мк: Кое е твоето хоби и што најмногу сакаш да правиш во слободно време ?

Во слободно време најлудачќи возам ролери.

Баркод.мк: Што би им препорачала на читателите на Баркод.мк ?

Во здраво тело,здрав дух,а како вљубеник во поезијата ќе им откријам една тајна-спортот и поезијата прават среќни луге.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ