Ракомет

ЕХФ спреми казни за главните актери: Вујовиќ и литванските судии ќе бидат исфрлени од ЕП

Мечот од второто коло од групата Ц меѓу Словенија и Германија се уште е во центарот на вниманието на ракометната јавност иако веќе се одиграа завршните рунди во групите А и Б.

Причината за тоа е многу добро позната, контраверзното реми и погодокот на Германците од пенал кој го дадоа за да дојдат до истото, откако околу 10 минути судиската двојка Миндаугас Гателис и Ваидас Мажеика ги прегледуваше снимките по што беше утврдено дека неприпосно играл Блаж Благотиншек за што доби црвен картон.

Оваа ситуација донесе огромни тензии, драма на теренот, Словенците не можеа да поверуваат што им се случува, Веселин Вујовиќ во свој стил имаше шоу и затоа оваа средба уште долго ќе се памети. Но дури допрва може да име нови моменти, бидејќи германските медиуми неофицијално пренесуваат оти ЕХФ има спремено казни за литванските арбитри како и за Веселин Вујовиќ.

Наводно судиите ќе бидат суспенцирани до крајот на ЕП, додека Вујовиќ ќе биде исфрен од шампионатот поради неговите зборови по натпреварот и шоуто на истиот кога застани на голот за да брани. -Сакав да направам зафрканција, некое шоу. Тие веќе и направија циркуз од ракометот, па зошто и јас не би се приклучил. Овој спорт го направија смешен зошто го водат идиоти, -порача Вујо. Меѓутоа се чини „идиотите“ сега го возвраќаат ударот.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ