Еден од денешните најдобри кошаркари во НБА лигата, Леброн Џејмс пред десетина дена го раскина договорот со Мајами и стана слободен агент реши да се врати во Кливленд, кадешто и тој самиот ја започнал својата кариера и со која стекнал многу слава.
Малкумина очекуваа дека Џејмс ќе се врати во својот поранешен тим и покрај изјавата што ја даде Џејмс пред медиумите дека својата кариера кадешто ја започнал таму сака и да ја заврши.
Со неговото враќање во Кливленд тој и самиот потпиша договор со кој му е овозможено Леброн да остане слободен агент во сезоната 2014/2015. Исто така договорот изнесува 42,1 милиони долари и тоа во период од 2 години.