Со фантастично шутерско шоу, Американците во финалето на СП славеа убедлив триумф над избраниците на Александар Ѓоргевиќ со 129-92 и се закитија со злато, со што ја одбранија титулата светски кошаркарски првак.
Голем дострел направи Србија, која во ниту еден момент не се предаде пред големиот противник и го освои сребрениот медал.Србија и САД вечерва во Мадрид се соочија во финалето за златниот медал на Светското кошаркарско првенство, во кое Американците влегоа како фаворити, затоа што бранителот на тројфејот го сочинуваат НБА ѕвездите кои со перфектната игра го потврдија квалитетот и класата во однос на другите репрезентации.
Нашиот северен сосед одлично го отвори завршниот натпревар, но САД не му дозволи долго да се носи со водството. Србите во воведните пет минути направија одлична низа 8-0, но Американците по тајм аутот го запреа нивниот залет и возвратија со одлични 15-0. До крајот на првото полувреме, го одржуваа резултатот и заминаа на пауза со 26 коша предност, 67-41. Доминантната игра на САД продолжи и во третата четвртина. Благодарение на долгата клупа, Американците го полнеа кошот на противникот и конечниот епилог веќе беше познат. Светскиот кошаркарски првак победи со 129-92 и ја одбрани титулата, дојде до петото злато со кое ја дополни колекцијата на три сребра и четири бронзи.
Кајри Ирвинг беше најефикасен играч кај победникот со 26 поени, пред Џејмс Харден со 23. Кај Србија прв стрелец беше Немања Бјелица со 18 поени. За Србија финалниот пласман и сребрениот медал се одличен успех. Тие постигнаа резултат за пофалба на ова Светско првенство. Бронзениот медал го освои Франција, а домаќинот Шпанија разочара со елиминацијата во четвртфиналето.
Најдобар на прекрасното шоу од САД беше Кајри Ирвинг, додека од кај Србија Бјелица.Што е доста важен податок ова е 5 злато за американците и статистиката вели дека во ова финале беа во просек од 33 коша по четвртина … За Супер 5-торка на ова светско првенство беа избрани Николас Батум (FRA), Пол Гасол (SPA), Милош Теодосиќ (SRB) и двајца кошаркари од дрим тимот на САД