Младиот фудбалер на Рома, Николо Заниоло го привлекува вниманието на јавноста со своите фантастични игри.
Има само 19 години, а на натпреварот против Порто во Лигата на шампионите беше вистински херој, бидејќи ги постигна двата погодоци во победата од 2-1. Навичите на Рома, а со тоа и целата јавност, набрзо открија дека Заниоло има секси мајка.
Франческа Коста веќе има 223 илјади следбеници на „Инстаграм“ и тоа поради нејзините секси-постови. Ова му прави проблеми на младиот Заниоло, кој најпрво го задеваат неговите соиграчи, а истото важи и за навивачите.
Тој дури и јавно побара од неговата мајка да престани со провокативните објави, бидејќи му прави сериозни проблеми.