Како и минатото лето, така и ова повторно Нејмар ќе биде во центарот на вниманието. Реал Мадрид очигледно не се откажува од намерата да го ангажира бразилскиот репрезентативец.
Англискиот весник „Тајмс“, пишува дека Нејмар е првиот и засега единствен приоритет за „кралевите“ во летниот преоден рок. Крилниот напаѓач ја игра својата втора сезона во дресот на парижаните, а по завршувањето на оваа сезона неговата откупна клаузула во договорот се намалува на 180 милиони евра.
Ова е интересно за „кралевите“, кои покажуваат сериозен интерес за Бразилецот. Нејмар нема против да се врати во Шпанија, но трансфер во редовите на Реал Мадрид нема да мине баш најдобро кај навивачите на Барселона со оглед на неговото минато во дресот на „каталонците“.