Фудбал

Црно му се пишува на Мурињо: Челси елиминиран од Лига Купот!

Челси е елиминиран од Лига Купот откако на пенали загуби на гостувањето кај Стоук, ова е нов удар за Жозе Мурињо кој е се поблиску до отказ.Челси игра очајно во Премиерлигата, а таквата форма е пренесена и во Лига Купот каде што вечерва доживеа елиминација од Стоук.

Волтерс во 52. му донесе водство на Стоук, а Реми во 91. го изедначи резултатот спасувајќи го Челси од пораз во регуларниот дел. Во 93. минута Стоук остана со фудбалер помалку откако Бардсли заработи втор жолт картон. Сините 30 минути во продолжението играа со фудбалер повеќе но не успеаа да го искористат тоа, победникот го решаваа пеналите.

Стоук беше перфектен со пет од пет, а и Челси беше одличен се до последната серија кога Азар не успеа да реализира и тоа значеше крај за сините во ова натпреварување. За вечерта да биде уште поцрна, Диего Коста во текот на првото полувреме мораше да биде заменет поради повреда. На ист начин со изведување на пенали завршија и натпреварите помеѓу Евертон и Норич и Хал и Лестер и на овие две средби се радуваа домаќините.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ