Фудбал

ТРАГЕДИЈА ВО ПРЕМИЕР ЛИГАТА која ќе ја промени историјата: Газдата на Лестер и неговата ќерка полетаа и изгореа (ВИДЕО)

Кој е сопственикот на фудбалскиот клуб Лестер чиј хеликоптер вечерва се урна веднаш по полетувањето од стадионот каде Лестер играше натпревар во рамките на Премиер Лигата.

Тајландскиот милијардер Шривадханапраба има 60 години и клубот го зема во свои раце во 2010 година. Во изминативе 10 години успешно се справува и го води клубот во нагорна линија.

Шест години откако клубот беше во рацете на Вичај стигна до сензационалната шампионска титула.

Секој натпревар тајландскиот милјардер го следи во живо, доаѓајќи со својот хеликоптер.

Дали вечерашниот натпревар бил последен за него, се уште нема информации

 

Хеликоптер за кој се верува дека го превезувал Вичај Шривадханапраба, сопственикот на англискиот фудбалски прволигаш Лестер, се урна во близина на стадионот „Кинг пауер” непосредно по завршувањето на натпреварот со Вест Хем.

Идентитетот на патниците засега не е познат, ниту дали има преживеани. Несреќата се случи еден час по одигрувањето на средбата.

По завршување на натпреварот меѓу Лестер и Вест Хем, хеликоптерот веднаш по полетувањето загубил контрола и завршил на паркингот за автомобили кој се наоѓал на 200 метри од стадионот.

Вишаи Шривадханапрабха кој е сопственик на хеликоптерот, според неофицијални информации бил во него заедно со членовите на неговото семејство. Полицијата и натаму не излезе со детали, но според видео-записите и фотографиите најверојатно нема преживеани.

Фудбалерите на Лестер преку социјалните мрежи се молат за да не биде најлошото сценарио.

Според други медиуми, сопственикот Вишаи Шривадханапрабха и неговата ќерка, заедно со двајца пилоти, биле во хеликоптерот кој се урна во паркот непосредно до стадионот „Кинг Пауер”, неколку минути по завршувањето на мечот меѓу Лестер и Вест Хем од Премиер – лигата.

Многу веројатно е дека не се преживеани, иако засега се уште нема официјални информации.

Потврдено е дека претседателот на Лестер и неговата ќерка се качиле во хеликоптерот кој се урна вечерва во паркот, во близина на стадионот „Кинг Пауер”.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ