Фудбал

Стадионот празен, мрежата на Црна Гора полна!

Мрежата на гостите е полна, но на трибините нема кој да се радува, бидејќи на трибните на „Филип Втори“ има само 300 гледачи. Ванче Шиков во 35-та минута го отвори резултатот, а потоа следуваа два гола на Александар Трајковски еден од пенал и еден од игра по асистенција на Иван Тричковски.

Македонија последен пат три гола во едно полувреме постигнала на шести февруари 2013 година, кога ја водевме Данска со 3-0, што беше и конечниот резултат.Никогаш побрзо Македонија не успеала да даде три гола на еден меч и само пет минути беа доволни (со Лихтенштајн во триумфот 11-1 за 15 минути, со Данска 3-0 исто така за 15 минути) да се забележи првата победа по 13 месеци, откако во октомври лани триумфираше со Луксембург во евроквалификациите (3-2).

Македонија даде четири гола, што е двојно повеќе од вкупниот број на голови за цела година. Вечерва Црногорците беа шокирани со хет-трик на Александар Трајковски и еден на капитенот Ванче Шиков и тоа е наша втора победа во третиот меѓусебен меч.Откако Тричковски се избори за корнер во 34-та минута со удар по кој Вукашин Полексиќ одбрани, Агим Ибраими од 20 метри откосо биеше, црногорскиот голман кратко одбрани, а Шиков на петерецот од втор обид ја погоди мрежата.

Само две минути подоцна, Ибраими му го изврте паметот на Марко Баша и изнуди пенал, а фудбалерот на Палермо, Александар Трајковски го реализираше ударот од белата точка. Во 40-та минута, Тричковски прекина една акција на Црногорците, истрча во контра, Владимир Родиќ имаше неуспешен лизгачки старт, па фудбалерот на Легија му асистираше на Трајковски за вториот гол.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ