Фудбал

Скандал во Битола! Дали натпреварот Пелистер – Младост бил наместен ?

Како што пренесува порталот Терен.мк, Скандалозен пријателски натпревар се одигра денес во Битола помеѓу екипите на Пелистер и Младост Царев Двор. Натпреварот е прекинат дури после десет минути продолжение во вториот дел.

Гостите се повлекле од теренот после досудениот пенал затоа што сметале дека се работи за договор меѓу судиите и Пелистер и дека тој натпревар бил наместен. На натпреварот судиите комплетно суделе во корист на битолчани. Еден црвен картон, два пенали, гол од офсајд и згора на тоа второто полувреме се играло 55 минути. Многу индикации кои водат кон сомневања дека натпреварот требало да заврши со поинаков резултат, а не 1:1 како што било кога екипата од Царев Двор го напуштила теренот.

Инаку, Младост Царев Двор наредната сезона ќе дебитира во ПМФЛ а наскоро се очекува да ги соопшти и засилувањата со кои ќе атакува кон подобра позиција во најелитното натпреварување во Македонија.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ