Николче Шаркоски во 37-та минута од мечот ја погоди мрежата на Пелистер за огромна радост на прилепчани, и кога сите очекуваа прва победа во оваа сезона во Втората лига, Пелистер во завршницата се избори за бод, па и двата тима стигнаа до трето реми на стартот во трите досегашни мечеви.
Поранешниот македонски шампион Победа имаше победа во рака, но БурханМустафов во „стотта” минута, по долго продолжение погоди во пелагодниското дерби во Втората лига денеска за да му донесе бод на Пелистер со ремито 1-1.
На мечот беа и двете навивачки групи “Мајмуни” и “Чкембари“. Во тој навивачки натпревар победа издвојуваат “Мајмуни” кој беа во далеку поголем број наспроти “Чкембари“.