Фудбал

Пандев ќе заработува неверојатни 7 000 евра дневно

Турските медиуми официјално го претставија Горан Пандев како нов играч на турски Галатасарај, покрај тоа ги објавија и деталите од договорот.


Според пишувањата, Пандев во претстојната сезона ќе ја добива речиси истата плата која му беше договорена и во Наполи. Нашиот фудбалер ќе заработува 2,3 милиони евра годишно, плус дополнителни бонуси и премии за успеси во турскиот шампионат и во Лигата на шампионите, што значи дека струмичанецот ќе стигне до платата во Наполи која изнесуваше 2,5 милиони евра.

Ова значи дека Пандев во Турција ќе заработува речиси 7.000 евра дневно, а во договорот има и клаузула според која доколку напаѓачот оствари 29 настапи како стартер во дресот на Галатасарај, во сите натпреварувања, договорот автоматски ќе биде продолжен за уште една наредна сезона. Колку за споредба, платата на Пандев додека играше во Интер изнесуваше 3,5 милиони евра годишно.

За разлика од Пандев, заработувачката на Блерим Џемаили ќе биде нешто помала, односно фудбалерот со потекло од тетовско ќе заработува 1,8 милиони евра годишно.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ