Фудбал

Металург го елиминира Железничар и заработи 390.000 евра

Фудбалерите на Металург изборија пласман во третото коло во Лига Европа, откако во реванш натпреварот од второто коло, во Сараево ремизираа 2-2 со екипата на Железничар.


Металург до ремито стигна откако успеа да ја надополни негативата од два гола, а голот за 2-2 го постигна капитенот Миле Крстев во 92-та минута од мечот.

Претходно, Железничар поведе со 2-0 со автоголот на Додевски во 16 минута и голот на Бајиќ во 54-та минута.Три минути подоцна Симоновски не успеа да реализира пенал, но Радески во 62 минута по одлична соло акција намали на 2-1. Голот на ветеранот Миле Крстев во судиското продолжение му донесе пласман во следната фаза и нови 140 000 евра на Металург.

Тоа е сумата која УЕФА ја доделува за пласман во третата квалификациска рунда. Ако на ова се додадат и 250 000 евра кои „металурзите“ ги добија за самото учество во ЛЕ и пласманот во второто коло, тогаш се доаѓа до сума од 390 000 која за македонските клубови е вистинска финансиска инекција.

To Top