Фудбал

МЕГА ТРАНСФЕР:Несторовски потпишува за Палермо

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски кој е вистински хит во Хрватска својата кариера ќе ја продолжи во Италија каде ќе го носи дресот на Палермо, објави „Спорт Италија“.

Наводно, двете страни веќе ги оствариле првичните контакти и ситници го делат нашиот напаѓач од трансфер во Серија А. Оштетата која ја бара Интер Запрешиќ за Несторовски е 500.000 евра. Ако дојде до договор меѓу двата клуба, Несторовски ќе се приклучи на тимот од Сицилија во јуни. Покрај од Палермо, интерес за Несторовски претходно покажа и унгарски Видеотон. Ако направи трансфер во Серија А, напаѓачот ќе биде третиот Македонец во Серија А, каде веќе настапуваат Александар Трајковски и Горан Пандев.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ