Фудбал

Квалификации ЛЕ: Миле Крстев го однесе својот Металург во третото квалификациско коло (Видео)

Македонија ќе има свој преставник во третото коло од квалификациите од УЕФА Европа лигата откако Металург одигра 2:2 на гостувањето кај Железничар и по оние 0:0 во Скопје успеа да се најде во следната рунда каде најверојатно ќе се соочи со Омонија.

Домаќинот повеќе со автоголот на Додевски во 16 минута, Бајиќ во 54 зголеми на 2:0.

Од тој момент „Зелените“ од Железарница го зголемија притискокот кон голот на Анталовиќ. Симоновски во 57 промаши пенал за Металург, но пет минути подоцна Радески успеа да намали на 2:1.

Херој на денешниот меч беше Миле Крстев кој во 92 минута мајсторски го надмудри противничкиот голаман за конечни 2:2 и пласман на Металург во третиот круг квалфикации од второто по ранг фудбалско натпреварување на стариот континент.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ