Во група Д дербито беше на „Етихад“, Манчестер Сити загуби од ланскиот финалист Јувентус. Автоголот на Кјелини во 57. минута од средбата донесе водство за „граѓаните“, но „Старата дама“ направи пресврт преку Џеко и Мората.
Актуелниот италијански шампион, Јувентус забележа голема победа на отворањето на Лигата на шампионите откако во Англија на жешкиот „Етихад“ со 2-1 (0-0) го совлада англискиот гигант Манчестер Сити.
„Бјанконерите“ за време на летниот преоден рок останаа без Андреа Пирло и Карлос Тевез кои беа главни во првиот состав на Алегри, но и покрај тоа, му покажаа заби на големиот фаворит и покажаа дека никој не смее да ги смета за аутсајдери во елитата и оваа сезона.
„Граѓаните“ први поведоа на мечот во 57 минута со автоголот на Кјелини, но Јувентус направи комплетен пресврт со головите на Марио Манџукиќ кој стрела во 70 минута и Алваро Мората, кој на ефектен начин погоди во 81 минута од средбата.
Интересно беше и во Мадрид, каде Реал Мадрид со убедливи 4-0 го совлада Шахтар од Доњецк. Херој беше Кристијано Роналдо, кој ја продолжи гол-серијата од изминатиот викенд и постигна три погодока во мрежата на противникот, од кои два од пенал, а четвртиот гол беше дело на Карим Бензема.