Фудбал

Јапонскиот судија Јуичи Нишимура се огласи по пеналот за Бразил на СП (Видео)

Јапонскиот судија Јуичи Нишимура предизвика голем број на полемики по отворањето на Мундијалот во Бразил откако досуди непостоечки пенал за домаќинот во дуелот со Хрватска. Овој момент беше пресвртница во мечот кој Бразил го доби со 3:1, но можеби и пресвртница во целата група.

Сепак, јапонецот смета дека не погрешил и покрај тоа што неговата одлука беше оспорувана од целиот свет. ,,Бев подготвен на критики и пред мечот. Тоа е дел од работата. Кога ќе видите што се случи навистина, ќе сфатите дека дефанзивецот ги стави рацете на Фред.

Тоа беше грешка се огласи Нишимура за прв пат по овој меч. Нишимура има репутација на судија кој досудува спорни пенали во Џеј Лигата, но и на меѓународни натпревари. ,,ФИФА’’ застана во одбрана на судијата и веднаш издаде соопштение по групната фаза на Мундијалот.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ