Фудбал

Џаро ќарил 2500 евра без да знае дека е наместено

Велибор Џаровски Џаро не знаел за „местенката“ на мечот ОФК Београд – Црвена Звезда, а сепак заработил околу 2.500 евра со популарниот тип 7+, што значи дека погодил голеада од минимум 7 погодоци на мечот.

Голема врева се крена во Србија, бидејќи мечот беше чуден и од 2-0 за ОФК Београд, фаворитот Црвена Звезда набрзина направи пресврт во второто полувреме и на крајот победи со 6-2. „Одиграв на голови 7+, иако немав информација за некаква местенка.

Погодив коефициент 33 во една од скопските обложувалници и ќарив 2.500 евра. Наместените натпревари не се само проблем за Србија и за Балканот. Рибата смрди од главата. Погледнете само што прават главните луѓе во ФИФА и во УЕФА и се ќе ви биде јасно“, изјави Џаровски.

Истрага за мечот ОФК Београд – Црвена Звезда најавија и УЕФА и Интерпол, поради енормните уплати на мечот, кој имаше чуден тек и уште почудно однесување на актерите на тој дуел. И патем понуди високи коефициенти за игрите 7+ (од 25 до 35) и за популарниот премин од еден во два, што се вреднува со коефициенти меѓу 20 и 30.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ