Фудбал

Бруно Фернандеш во дрес на Македонија (ФОТО)

Бруно Фернандеш

Бруно Фернандеш е ново засилување за Манчестер јунајтед, англискиот клуб денеска конечно го договори трансферот на Португалецот кој ќе ги чини околу 70 милиони фунти.

Стефан Ристовски денеска со серија фотографии на својот инстаграм профил се збогуваше со Бруно Фернандеш, а во една од нив Португалецот беше во дрес на македонската фудбалска репрезентација.

Стефан Ристовски кој е добар пријател со неговиот досегашен соиграч, објави неколку фотографии со Фернандеш, на една од нив новата ѕвезда на Манчестер јунајтед е во дрес на нашата репрезентација.

Фернандеш дебитираше за „ѓаволите“ по трансферот од Спортинг, Португалецот имаше солиден натпревар со неколку убави додавања и неколку удари од далечина.

Со ова реми, Манчестер јунајтед не искористи уште еден кикс на Челси и остана на -6 во однос на топ четри. „Ѓаволите“ всушност и назадуваа една позиција на табелата откако Шефилд јунајтед со три бода си замина од гостувањето кај Кристал Палас и „сечилата“ сега се на позицијата број 5 на табелата.

Фернандеш е играч на Јунајтед нешто повеќе од два дена, откако во четвртокот пристигна од Спортинг, но тоа не пречеше тој да биде стартер при 0:0 ремито со Вулверхемптон на „Олд Трафорд“. Тој имаше солидно деби, но во мечот двата тима не креираа многу шанси, и Солскјер беше задоволен.

„Го ставивме Фернандеш подлабоко на топката за нас. Мислам дека го контролиравме првото полувреме. Фернандеш е врвен играч и тоа го покажа во првиот меч. Во првото полувреме напаѓачите требаа да се движат пред него, но не успеаја. Затоа го вративме малку поназад за да има повеќе топка во нозете. Тој е топ фудбалер“, изјави Солскјер.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ