Фудбал

Аргентина е вториот финалист на светското првенство во Бразил

Вториот полуфинален дуел од светското првенство помеѓу Холандија и Аргентина заврши со резултат 0:0 во регуларните 90 минути. Иако пред самиот крај застана здивот на играчите и фановите на Аргентина кога Робен на самиот раб на шеснајстерецот

доби пас и успешно го мина Демикелис, но тука беше Маскерано кој што со лизгачки старт успеа да и го смени правецот на топката. Следеа две продолженија од по 15 минути, во кои возбодувањата беа во последните 3 мин. Сепак и во двете продолженија резултатот остана непроменет 0:0 . Следеше изведување на пенали. Овој пат Ван Гал не се одлучи на голманската позиција да го стави Крул како што беше тоа во четврт-финалниот дуел со Костарика. Прва пенал изведуваше селекциајта на Холандија, односно Влар кој шитираше по средината на голот и неговиот удар беше феноменално одбранет од Ромарио, додека прв од од Аргентина шутираше Меси кој успешно заби за 1:0. Единствени кој што погодија за Холандија и го пратија Ромарио во спротивниот агол беа Робен и Кајт. Селекцијата на Аргентина се пласира во финале каде што ќе игра против селекцијата на Германија. Мечот за третото место помеѓу Бразил и Холандија ќе се игра на 13.07.2014 година (недела) на стадионот Маракана.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ