Овој викенд од 14 до 17 јуни традиционално по 7 пат во Чуприја, Република Србија се одржува Интернационален Мото Собир, каде и оваа година учесници ќе бидат моторџии и од нашиот град.
Потоа, во недела 17 јуни се очекува 20 тина мотори да пристигнат и во Прилеп, предводени од нашите сограѓани моторџии Пеце, Менде и Кире.
Во нивно присуство ќе продефилираат низ нашиот град моторџиите од клубот MK ISTOK Бања Лука и МК IRON BRIDGE Чуприја. Вечерта е резервирана за заедничка дружба до раните утрински часови. Во понеделник групата продолжува на прошетка со своите мотори низ нашата земја.