Денеска околу 10.15 часот пред црквата „Св.Спас“, кај Градските гробишта во Велес, полициски службеници при преземање на службени дејства биле физички нападнати од четири лица.
Едно од нив на полицискиот службеник Е.М.(46) му го одзело службениот пиштол и пукало кон него. Е.М. бил префрлен во здравствена установа во Скопје за укажување на лекарска помош. Тројца од напаѓачите се приве-дени во полициска станица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вечерва се огласи и министерот Чучев:
“Полицискиот службеник кој денес беше повреден во Велес е контактибилен и во добра здравствена состојба. Попладнево го посетив и при посетата од страна на медицинскиот персонал од Хируршките клиники во Скопје добив информација за неговата здравствена состојба.”