Оклопни транспортери, водени топови, борбени коли и возила попладнево се упатија кон Собранието на Р.Македонија каде за вечерва во 20.00 часот е најавен протест на младинските организации, заедно со навивачката група „Комити“.
Четири колони со по десетина возила го блокираа бул.Партизанска, со вкучени сирени, движејќи се кон Собранието на Р.Македонија.
За вечерва се очекува масовен протест против договорот со Грција кој го потпиша Зоран Заев и Никола Димитров.