Фудбал

Пелистер и Мустафов во “стотта” минута го замолкнаа Прилеп (ФОТО + ВИДЕО)

Николче Шаркоски во 37-та минута од мечот ја погоди мрежата на Пелистер за огромна радост на прилепчани, и кога сите очекуваа прва победа во оваа сезона во Втората лига, Пелистер во завршницата се избори за бод, па и двата тима стигнаа до трето реми на стартот во трите досегашни мечеви.

Поранешниот македонски шампион Победа имаше победа во рака, но Бурхан Мустафов во „стотта” минута, по долго продолжение погоди во пелагодниското дерби во Втората лига денеска за да му донесе бод на Пелистер со ремито 1-1.

На мечот беа и двете навивачки групи “Мајмуни” и “Чкембари“. Во тој навивачки натпревар победа издвојуваат “Мајмуни” кој беа во далеку поголем број наспроти “Чкембари“.


Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ