Македонската национална телевизија овозможи пренос од натпреварот Рубин Казан-Работнички, кој е и најважниот натпревар за екипата од Градски парк во досегашното натпреварување.
Доколку Работнички успее да мине, тоа ќе биде историски успех не само за Работнички и за македонскиот фудбал, затоа што ќе се најдат во групната фаза од Лигата на Европа. Но, досегашните натпревари кој ги играше Работнички во квалификациите од Лигата на Европа, ниту една македоснка телевизија не успеа да воспостави пренос на натпреварите, а причината е во тоа што Дебармаалци не дозволиле да се вршат преноси.
Овој пат МРТ1 телевизија успеа да се договори со Руската телевизија и постави договор. Напоменуваме дека и на претходните домашни натпревари кои ги играше Работнички, МРТ1 со крајни сили се обидуваше да постави договор и да врши преноси, но клубот беше тој што не го дозволи тоа.
Кога преговара со професионални клубови, федерации или агенции, МТВ нема проблеми да обезбеди пренос
-стоеше на официјалниот Фејсбук профил на еден од новинарите на МРТ1. На Арената Филип Втори натпреварот заврши нерешено 1:1, а реваншот се игра в четврток со почеток од 18:00 часот.