Здравје

Внимавајте што купувате од маркетите – оваа риба е толку отровна што го уништува здравјето и НЕ СМЕЕТЕ да ја јадете!

отровна риба

Во прашање е риба со извонредно лош квалитет. Иако потрошувачите секојдневно се советуваат да внимаваат кога купуваат намирници што ги консумираат, една вест поприлично ги вознемири граѓаните. Имено, светските медиуми ја објавија приказната за опасната риба пангасиус (панга филети) која може да се купи и во нашите продавници за поприлично евтина цена, па затоа и многу се троши. Со рибата пангасиус пред неколку години имаше неколку скандали во две европаски држави, Италија и Франција, кога во медиумите целиот скандал беше наречен „риба превара“ и доби поприлично големи димензии.

Но дали сте знаеле од каде доаѓа оваа риба?

Имено, како што пишуваат светските медиуми, станува збор за риба со мошне лош квалитет, која се произведува во Виетнам, во екстремно нехигиенски услови. Нејзината природна околина е преполна со бактерии кои многу лошо можат да влијаат на развој на болеста кај луѓето.

Според сајтот „dietmindspirit.org” кој меѓу останатото се бави и со квалитетот на намирниците што ги внесуваме во организмот, овие риби НИКАКО не треба да ги користите бидејќи се со многу лош квалитет.

„Оваа риба се одгледува на фарми во реката Меконг, една од најзагадените реки на планетата. Рибата е преполна со хемиски отрови и бактерии бидејќи се одгледува во индустриска отпадни води кои го сочинуваат голем дел од споменатата река. Не постои ништо природно во неа. Несреќните животни се хранат со неупотребени остатоци од други риби, сушени па мелени со коски, глави и опашки, а помешани со соја. На ваков начин настана и болеста луда крава во Британија кога говедата беа хранети со остатоци од другите крави“, пишува меѓу другото на оваа страна за рибата.

Пангасијуси растат четири пати побрзо од обичните сомови, но не е исклучено нивната храна да е подзасилена со сомнителни хормони за растење, посебно кога се знае дека нема никакви официјални регулативи во врска со нивното производство во земјата од која што потекнува овој производ.

Според истражувањата многумина што јаделе ваква риба, брзо по оброкот почувствувале знаци на труење. Најчести симптоми се мачнина, зголемена телесна температура и повраќање. Затоа размислите добро дали ниската цена што ја плаќате за филети пангасијус е навистина и цената што сакате да ја платите за здравјето на своето семејство, пишува на сајтот.

Со оваа риба пред неколку години имаше два скандали во две европски земји – Италија и Франција. Тамошните медиуми оваа риба ја нарекоа „риба превара“ па и целата афера со неа доби идентично име.

За аферата пишуваа сите дневни весници во споменатите држави, а телевизиите емитуваа прилози за неа во ударните термини.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ