Здравје

Пет работи кои не треба да ги јадете пред секс

Нане

Нането не е добро да се консумира пред секс, бидејќи истото има моќ да го намали нивото на тестостерон при што и ќе се намали сексуалниот нагон. Доколку имате планови за вечер, прескокнете го вашиот омилен чај од нане.

Помфрит

Содржи заситени масни киселини и не оди во прилог на сексуалната желба и добрата ерекција. Помфритот обично се соли повеќе што значи дополнителна штета, особено ако мажот има проблеми со притисокот, при што ќе биде потешко да се одржува ерекција.

 

 Овошје веднаш по обемен оброк

Можеби секси овошните афродизјаци ви звучат одлично за после обилен оброк, но верувајте не е така. Овошјето после обилен оброк ќе предизвика обилна цревна перисталтика, грчеви во стомакот и гасови, кое никако нема да  оди во прилог на вашите планови.

 

Енергетски пијалоци

Иако енергетските пијалоци звучат како нешто што ќе ви даде енергија, тие можат да имат ефект само на почетокот, потоа ќе доведат до исцрпување, а и ќе го намалат нивото на тестостерон, затоа не консумирајте енергетски пијалоци пред секс.

 

Овесна каша

Овесната каша е многу здрав оброк. Го намалува стресот и содржи материи кои се добри и здрави за организмот. Но, за едно не чини … а, тоа е за вашиот сексуален нагон. Немојте да јадете поголема количина на овесна каша пред да имате сексуални односи.

 

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ