Љубов и секс

Ex далечина, ех љубов…

Е да, и ноќва ќе останам да пишувам, од инат на времето што не поминува, од инат на времето кое запира кога те нема, и да , знам дека ќе ме осудите, ‘’Заљубена малечка’’ ,ќе речете, но што знаете вие за љубовта?

Љубевте ли барем еднаш како мене? Сакавте ли еднаш како мене? Ја победувавте ли далечината со љубов? Ги меревте ли километрите со копнеж? Ги броевте ли деновите со бакнежи? И знам, и до утре да останам да пишувам,малку е, и знам и сто години да поминат исто ќе е, пак душава ќе крвари кога ќе си одиш а ќе заздравува кога ќе се враќаш! Ех љубов, секогаш кога ќе седнам вака да ти пишувам, незнам каде е крајот, и незнам каде да сопрам, но еве со текот на времето дознавам, знам дека моите текстови никогаш не се довршени, моите текстови за тебе немаат крај ,исто како и нашата љубов! Ех љубов љубов ќе љуби ли некој како мене? Ех љубов , И сега, после толку месеци заедно и сега копнеам со ист жар како првиот ден, и сега рацете ми се тресат кога ќе треба да ти кренам слушалка, и сега телото ми трепери кога ќе ти се доближам, и сега после толку месеци со ист жар те љубам . . дури и посилно! И знам, и сто години да поминат, исто ќе е !

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ