Вчера започна гласањето од интернет посетителите за најдобрите македонски веб сајтови за 2015 година. Секој интернет посетител може да распредели 3 гласа во секоја категорија и тоа 10, 6 и 2 поени. Манифестацијата се одржува по шести пат.
Изборот на Сајт на Годината е проект која има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија Победниците ќе бидат објавени на 14.12.2015.
На кој начин можете да гласате? Треба да се пријавите со вашиот e-mail, и откако ќе се пријавите, на вашиот e-mail ќе пристигне линк за гласање. Од линкот можете да гласате само еднаш.
Оваа година имаме чест да Ви соопштиме дека БАРКОД.МК е номиниран во категориите НАЈДОБАР БЛОГ и ЗАБАВА.
Иако сме релативно млад портал, сепак Ви благодариме за подршката и Ви ветуваме дека нема да зажалите.
ГЛАСАЈТЕ И ПОДДРЖЕТЕ ГО БАРКОД.МК
Ви благодариме,
Тимот на БАРКОД.МК
Гласањето трае до 9 декември 2015 година, а Вие одберете го вашиот фаворит!