Barkod.mk
1. Се мислиш дали да јадеш или да уплатиш уште едно ливче
2. Знаеш да помножиш 1.75 по 2.25 по 4 по 2.75 без проблем, а секогаш одеше на полгање по математика
3. Секој викенд пишуваш ливче со максимална добивка и се надеваш дека ќе ги затвориш кладилниците
4. Лажеш дека те паднал само еден натпревар
5. Точно знаеш кој голман од норвешка втора лига да го опцуеш ако те падне
6. Дома имаш пенкала колку просечна книжарница
7. Лајвскор ти е наместена за домашна страница на компјутер
8. Се фалиш само кога ќе добиеш
9. Кога ќе загубиш пари секаде кажуваш дека современиот фудбал е мафија
10. Имаш собирано пари за да платиш за дојава на Фејсбук страница
11. Како што пензионерите пресметуваат пари во лебови ти пресметуваш пари во ливчиња
12. Ако те падне првиот натпревар се враќаш во кладилница и повторно го пишуваш истото ливче
13. Единствена хартија со која си во допир освен тоалетна е билтенот
14. Пластичното лажиче го вади од уста само за спиење, а кога немаш лажиче грицкаш пенкала
15. Моцарт го знаеш само како кладилница
16. Ако нема фудбал се кладиш на кошарка, тенис, бадмингтон… Ако нема ништо од тоа се кладиш на трки со кучиња
17. Мислиш дека девојката што врши уплати те шмека
18. Имаш еден вработен во кладилницата кој сметаш дека ти носи несреќа и не уплаќаш кај него
19. Кога одиш на одмор прво бараш кладилница во близина
20. Ова го читаш во кладилница. Во работен ден во работно време
ВРВОТ