Земјотрес со јачина од 7.4 степени ја погоди областа помеѓу Куба и Јамајка на Карибите, соопшти Евро-медитеранскиот институт.
Силен земјотрес беше почувствуван околу 21:10 часот по локално време.Засега нема информации за жртви и штети.
По земјотресот, издадено е предупредување за цунами за Куба, Јамајка и Кајманските острови.
Епицентарот на земјотресот е регистриран на 122 километри северно од градот Лусија на Јамајка, на длабочина од 10 километри.