Француската полиција се обидува да го мажот кој на бензинска станица во близина на францускиот град Анже, се заканува дека ќе се разнесе со граната.
Министерот за внатрешни работи рече дека човекот носи флуросцентна јакна, слична на оние што го носеле активисти низ целата земја кои протестираат поради цените на горивото, кои што се зголемија минатата недела.
Како што пишува РТ, човекот очигледно има повеќе експлозиви, а не само една граната и бара разговор со претседателот, Емануел Макрон. Полицијата во овој момент ги евакуира жители од околните места.