Свет

Стотина Германци од Вухан слетаа со авион во Франкфурт

стотина Германци од Вухан

Авион со стотина германци од Вухан слета на аеродромот во Франкфурт, кинескиот град каде се појави епидемијата на новиот вирус.

Во авионот биле 102 Германци и 26 странски државјани.

Патниците ќе мораат да пројдат лекарска контрола на самиот аеродром по што ќе бидат однесени во воена база каде ќе бидат две недели во карантин.

Германските власти пред слетувањето на авионот навеле дека никој од патниците нема симптоми на болсета. Во Германија се регистрирани седум случаи на инфекцијата на коронавирусот.

Според последниот биланс, во Кина од вирусот починаа 259 луѓе.

Извор: Makfax

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ