Македонија

Свечено отворена новата Автобуска станица во Прилеп

Во присуство на Министерот за Транспорт и врски Миле Јанакиески, Градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристески, Генералниот директор на Македонски железници Оливер Деркоски, Претседателот на Совет на Општина Прилеп Никола Димескии многу други гости од стопанскиот и опшестевен живот денеска свечено се пушти во употреба

новата Автобуска станица на која граѓаните на Прилеп чекаа цели 50 години.Овој објект кој во голема мера ќе придонесе за понатамошниот економски развој на градот ги исполнува сите потребни стандарди и преставува функционална единица на еден современ транспортен центар.

Инвеститорот и сопственик на фирмата „Пелагонија Бус“ која ќе стопанисува со овој објект Горан Трпковски ја истакна одличната соработка со Локалната самоуправа и Градоначалникот Ристески повикувајќи и други инвеститори да градат во овој град.

Градоначалникот Ристески ја поздрави брзата градба на овој објект кој во рок од година дена стана достапен за 24 часовно сообраќајно – патничко функционирање и нагласи дека во иднина со реновирањето на железничката станица, Прилеп ќе добие модерен и ефикасен транспортен центар како што му доликува на еден современ европски град.

Министерот Јанакиески изјави дека Министерството за транпорт и врски согласно законските надлежности оваа автобуска станица ја категоризира во прва категорија.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ