Фудбал

Фудбалерките до 18 години со победа го затворија УЕФА развојниот турнир

Македонските У18 фудбалерки со една победа и еден пораз го завршија развојниот УЕФА турнир кој изминативе неколку дена се одржуваше во Скопје.


По несреќниот пораз од Бугарија во првото коло кога примивме погодок во последната минута (0-1), нашите девојки по изведување на пенали славеа над Србија и со една победа и еден пораз го завршија УЕФА Развојниот турнир кој од 1 до 3 јули се одржуваше во Скопје во тренинг-комплексот на ФФМ.

Регуларниот дел на мечот против Србинките заврши 2-2, а по изведувањето на пенали нашата репрезентација славеше со 4-3. Двата погодоци за нашата репрезентација ги постигна Симона Крстаноска.

На развојниот турнир нашите фудбалерки прикажаа одлична игра што е добра најава за септмеврискиот квалификациски турнир во Португалија каде покрај домашната селекција ќе играме против Русија и Белорусија.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ