Македонија

Се преврте автобус кај Крива Паланка – Пет лица се тешко повредени

Пет лица се тешко повредени, а 21 лице полесно во сообраќајната несреќа што ноќеска се случила при превртување на бугарски автобус на магистралниот пат Крива Паланка – Ранковце.

Според полицијата, од засега непознати причини бугарскиот автобус се превртел во близина на селото Опила, а сите повредени патници се надвор од животна опасност и се пренесени на лекување во болницата во Крива Паланка. Се претпоставува дека шоферот на автобусот ја изгубил контролата, по што автобусот се превртел и удрил во дрво. Во автобусот имало 43 патници.

 

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ