Македонија

Присутни 411 делегати: Исполнет кворумот на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, почна расправата

Претседателката на Комисијата за верификација на мандатите на делегатите на 16 вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, Светлана Јакимовска истакна дека на конгресот присутни се 411 од 544 делегати.

-Со ова констатирам дека е исполнет условот да работи Конгресот согласно статутот, истакна Јакимовска. По ова беше усвоен Деловникот за работа на 16 Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, а беше и избрано работното претседателство кое продолжи со работа на Конгресот согласно дневниот ред. Претседател на работното претседателство е Коце Трајановски, а членови се Емил Димитриев, Ане Лашкоска, Елизабета Канческа-Милевска, Владимир Нелоски, Светлана Колариќ, Даниела Рангелова, Дијана Таранталовска, Александар Николоски, Алим Билали и Марио Цветковски.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ