Македонија

Прилепчанката Дениса Маркоска пронајдена во море ?!

23 годишната Дениса Маркоска од Прилеп се фрлила од бродската палуба пред пристаништето во Крит, јавува Канал 5 повикувајќи се на неименувани извори.

Според телевизијата, девојката се самоубила фрлјаќи се од бродот „Серенисима“ на кој што работела. Станува збор за луксузниот број „Серенисима“ кој пловел под руско знаме. Телевизијата објавува дека на семејството Маркоски му биле предадени личните работи на Дениса која таа ги оставила во бродската кабина. Родителите не сакаат да зборуваат јаввно, но бараат информации за својата ќерка.

Се уште нема официјална потврда за тоа што точно се случило со Дениса и каде е нејзиното тело. Капетанот на бродот случајот го пријавил во полицијата во Грција. Дениса работела на брод две години. И се губи секаква трага на 13 септември.

ИЗВОР: 10без10

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ