All for Joomla All for Webmasters
Македонија

Не за промена на Македонија, да за гордоста македонска

Македонците во Швајцарија, организирани преку свои асоцијации, здруженија и индивидуално, најостро го осудуват штетниот анти македонски договор на таканаречениот премиер со нашиот јужен сосед. Тој договор не е договор бидејќи не произлегува од срцето на народот, кој единствен е легитимен за разлика од оваа нелегитимна, насилна импровизирана влада и што работи на штета на народот македонски.

Секој коментар повеќе за нелегитимните владини институции е сувишен и крајно бесполезен и сета енергија сега треба да се насочи кон единствените позитивни македонски сили, народот кој излегува спонтано на улица, пред собрание и без политички водачи. Водачот сега и понатаму ќе биде тој и само тој има право и легитимитет да одлучува за својата судбина. Македонската дијаспора во Швајцарија и секако и во другите држави во Европа и светот, повеќе од две години протестират против уништувањето и деструкцијата на Македонија а во својот последен протест на 19 мај во Брисел, тоа го направи и пред институциите на Европската Унија и Парламент.

Како што веќе се објави и во соопштението на координативното тело на македонската дијаспора во Европа од вчера, Македонската дијаспора во Швајцарија ќе продолжи со барања на меѓународна правна разврска на овој случај. „ Заев треба да знае дека кога тогаш ќе ја истераме правдата, а тој лично, како и неговите соработници, ќе одговараат за ова понижување на цел еден народ. Македонецот е неуништив, го знаеш тоа Заев? Ќе се потрудиме да го дознаеш и да служи како пример на секој што во иднина ќе се дрзне да тргува со македонските национални интереси.

„ Бараме непотпишување на било каков договор за уништување на Македонија, граѓанска одлучност и непослушност со бојкотирање на сите институции во државата и го повикуваме народот на секојдневни протести. Во исто време ја изразуваме нашата безрезервна подршка на претседателот на Македонија, господин Ѓорги Иванов кој недвосмослено истакна дека стои на браникот на македонските интереси и народот да не се плаши во борбата за македонските правдини.

Женева, 14 јуни, 2018 година

Македонска Дијаспора во Швајцарија

Здруженија и Асоцијации:

Македонска Дијаспора /Лозана

Здружение Александар Македонски /Ивердон

Асоцијација Рефрама/Женева

Македонска православна црква /Трининген

Македонска православна црква/Лозана

Форум на Македонските друштва /ФМД

Здружение на македонски друштва, ЗМД, Вилмерген

 

ИЗВОР: СВЕСТ.мк

ВРВОТ