Во овие судбоносни мигови на историски одлики и премрежја , македонската дијаспора упатува апел до раководството на ВМРО-ДПМНЕ да го повика сопственото членство и БЕЗУСЛОВНО да се приклучи кон СЕМАКЕДОНСКИОТ ОТПОР ПРОТИВ НЕЗАКОНСКИТЕ И АНТИУСТАВНИТЕ УСТАВНИ ИЗМЕНИ СО ЦЕЛ ПРОМЕНА НА ИМЕ, ИДЕНТИТЕТ И ЈАЗИК НА 9. ЈАНУАРИ 2019 год. ВО 12 ЧАСОТ ПРЕД СОБРАНИЕТО НА Р. МАКЕДОНИЈА.
Раководството на ВМРО-ДПМНЕ има историска обврска поради името што го носи и самопрогласувањето на 10. кичевски конгрес на партијата, на кој се определи како единствена наследничка на историската ВМРО организација, која во историјата безусловно стоеше зад македонскиот народ со јасно определена македонска кауза и беше никулецот на македонската државаност, и морална обврска, да го безусловно подржи македонскиот народ во неговата борба против незаконско и антиуставно правно и историско бришење МАКЕДОНИЈА-МАКЕДОНЦИ-МАКЕДОНСКИ, со кое овие денови се соочуваме, зошто сите овие години народот несебично им ја даваше подршката и ги гласаше.
Доколку раководството на ВМРО-ДПМНЕ го игнорира овој апел, ние, македонскиот народ и македонската дијаспора, ќе ве сметаме за соучесници во велепредавствата и поробувањето на македонскиот народ и соодветно ќе дејствуваме во иднината.
Битката моментално е тешка и со можност да се изгуби, но војната, ние, Македонците дома и во светот, ќе ја продолжиме понатака преку трет Илинден, се до конечно ослободување. Вистински сме моментално поделени но и неосвестените, ќе се освестат со проблемите што ќе доаѓаат после ова правно и историско бришење на македонскиот народ и македонската држава и токму тука лежни обединувањето на македонскиот народ до конечна победа, после која ќе ви судиме за сите велепредавства и злосторства!
Македонија вечна на Македонците и нејзините лојални малцинства !
Женева, Торонто, Мелбурн, 6 јануари 2019 година
Координативно тело на Европа, Австралија , Канада.