Македонија

Костадин Керпичоски: Честит ИЛИНДЕН Македонци!

Илинден или ден на св. Илија е голем Македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2-ри Август.

Илинден има посебно значење за историјата на Македонскиот народ затоа што на 2-ри Август започнало востанието Илинденско во 1903 година, а во 1944 година е одржано првото заседание на АСНОМ! Илинден како државен празник е неработен ден во Македонија.

Претседателот и владата организираат разни свечености на повеќе локации низ Македонија. Традиционално претседателот на државата празникот го чествува во Крушево на Мечкин Камен каде е и организирана централната манифестација. Премиерот пак традиционално на прославата се приклучува на иселеничкиот собир организиран во село Трново. Автентично и препознатливо за Илинден е традиционалното пристигнување на коњаницата во Крушево!

Радувајтесе браќа и сестри Македонци! СМРТ или СЛОБОДА за Македонија! Почит и поклон пред хероите кои живот дадоа за слободна денешна Македонија!

Честит Илинден!

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ