Македонија

Ќе се укинуваат предмети што ги оптоваруваат учениците

Учениците во Македонија имаат премногу предмети, а имаат лошо знаење. На Македонија и е потребен образовен систем кој во иднина само ќе се надоградува, а не постојано да се менува – ова се дел од пораките кои ги испрати премиерот Зоран Заев во негово обраќање на конференцијата за образование во организација на УНИЦЕФ.

Премиерот најави дека следната година ќе почне и опремувањето на основните и средните училишта со современи лаборатории, што ќе придонесе во практичната настава и зголемување на интересот на учениците за наставните содржини.

Од министерството за образование информираа дека веќе почнале со ревизија на наставните планови и програми и учебниците, а фокусот ќе биде ставен на реформи во првите три одделенија. Од Уницеф со поддршка на идните реформи во образовниот систем. Анализите покажуваат дека во земјава само едно од 4 деца посетува основно образование (28%), и скоро 5% од децата со попреченост посетуваат предучилишно образование.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ