Македонија

Јавна седница за настаните од 27 април на која беа изведувани видео материјали

Јане Ченто

На денешната јавна седница за настаните од 27 април беа изведувани видео материјали односно докази кои го разорија обвинителниот акт и изјавите на некои од досегашните сведоци на обвинителството.

Во обвинителниот акт пишува:

дека Јане Ченто во 18:58 насилно, со фантомка влегол, ја повикувал и водел толпата на народ.

Дека имало средба меѓу Ченто и Нинџа во кафе барот Дион и дека заедно тргнале кон Собрание како што тврдеа некои сведоци околу 18:45

На денешната презентација од страна на Обвинителството пред ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ се ПОТВРДИ дека Јане Ченто ПОМИНУВА НА КЕЈ во 19:13 часот а толпата народ веќе во 18:50 е влезена во Собрание.

Се потврди дека Ченто влегува во Собранието САМ со толпата народ, а не како што е во обвинението дека заедно со Југ, Ангелов, Михаил, Стефан и други во 18:58 со фантомка влегува во Собранието.

Денеска јавноста виде какви се контрадикторни работи се јавија помеѓу материјалните видео докази и тоа што е напишано во обвинителниот акт и изјавите на некои сведоци.

Правдата ќе победи, вистината ќе победи.

#КоалицијаСитеЗаПравичноСудење
#СлободаЗаЈанеЧенто
#СлободаЗаУставобранителите

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ