За време на гласањето на референдумот во Ново Лисиче, инцидент се случил во Основното школо „Лазо Ангеловски“ каде група момчиња малтретирале жена која дошла да гласа на референдумот на гласачко место во училиштето, по што интервенирале полицајци кои биле распределени на ова гласачко место.
Младите момчиња се судриле и со полицијата, а дошоло засилување и биле приведени, дознава Либертас.
По инцидентот, пред училиштето има засилено присуство на полиција, гласањето тече.