Македонија

Филип Стојаноски во Прилеп го фати светиот крст

Филип Стојаноски (23 години) е најсреќниот меѓу седумдесетмината прилепчани кои скокнаа по светиот крст во осветените води од базенот на хотелот „Сонце Г.А.“ – Прилеп. Филип вели дека повеќе од три години немал среќа, а оваа година имал голема желба, пред се заради неговата огромна верба кон Бога, повторно да скокне по светиот крст.

Во согласност со традицијата и православната христијанска вера, Локалната самоуправа и градоначалникот Ристески за Стојаноски и за останатите учесници на овој свет настан, обезбедија богати пригодни награди. Традиционално како и секоја година градоначалникот Ристески присуствуваше на осветувањето на водите и фрлањето на светиот крст во населените места Мало и Големо Коњари, Ново Лагово и Штавица.

Во Тополчани, Чепигово, Витолиште и Маркова Чешма на светиот чин за фрлање на крстот во осветените води присустваше делегација предводена од раководителите на одделенијата на Oпштина Прилеп како и Претседателот на Совет Никола Димески. За најсреќните општината обезбеди пригодни подароци.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ