Македонија

АХМЕТИ ПРЕСЕЧЕ: Нема потписи за СДСМ без писмено дека ја прифаќаат платформата!

Темата на разговорот меѓу Јоханес Хан и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, било како да се најде излез од кризата. Лидерот на ДУИ истакна дека ставовите на Хан и ДУИ се речиси идентични.

На прашањето дали е вистина дека веќе е договрен со Алијансата за Албанците да го поддржат по лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, што претходно го изјави Тачи за медиумите, тој одговори:

„Константно разгварам со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а конечната одлука ќе ја донесе Централното претседателство откако СДСМ ќе достави писмено дали ги прифаќа барањата од платформата“, рече Ахмети.

Според Ахмети, декларацијата односно платформата на албанските политички партии не значи дека тие бараат „Голема Албанија“, туку дека тоа се нормални барања и потреба на Албанците. За лидерот на ДУИ, Али Ахмети е сосема нормално да преговара и со партијата на Никола Груевски, зошто биле коалициони партнери десет години. Тој истакна дека декларацијата била потпишана во Тирана, бидејќи претседателот на БЕСА не сакал на иста маса да седне со него.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ