Поранешниот градончалник на Карпош и лидер на „Гром“, Стевчо Јакимовски 24 инфо дознава дека му е одредена мерка ќукен притвор.
Јакимовски беше уапсен утринава под сомнение дека сторил кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување во четири случаи на бесправно градење во Општината.
Во август 2018 година, обвинителството донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица заради постоење на основано сомневање дека сториле кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, во три постапки за јавни набавки, при што двајца сториле кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување ” од чл.353 ст.5 во врска со ст.1 во врска со чл.22 во врска со чл. 45, додека тројца од осомничените за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување ” од чл.353 ст.5 во врска со ст.1 во врска со чл.45 од Кривичниот законик. На почетокот од овој месец истрагата е проширена поради постоење на основано сомневање дека поранешниот градоначалник и уште две лица сториле по едно кривично дело Бесправно градење.
За истото кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување е донесена Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица кои во 2015 година, пречекорувајќи ги своите службени овластувања во име и за сметка на општината спровеле јавна набавка за „Обнова на цветен расад на жардињери“ (пролетно и есенско садење – 2015), што било во надлежност на Град Скопје, притоа постапувајќи спротивно на член 48 од Законот за јавни набавки. Во овој случај му овозможиле на правното лице имотна корист на име на јавна набавка во износ од 7.209.600,00 денари без ДДВ на штета на Буџетот на општината.
ПОВЕЌЕ НА 24 ИНФО