Балкан / Регион

Сали Бериша предвидува нова балканска војна по спогодбата со Грција (ВИДЕО)

Сали Бериша

Поранешниот албански премиер, Сали Бериша предвидува драматични настани во регионот ако актуелниот aлбански премиер Еди Рама ја потпише спогодбата со Грција за новите граници.

Во интервју за тиранската телевизија „Клан”, тој кажал дека ако Рама ја потпише спогодбата тоа може да доведе до балканска војна.

„Ова што го подготвува премиерот Рама е нова поделба на албанските простори по што може да се предизвика конфликт”- вели Бериша.

Тој додал дека договорот е на штета на Албанија и значи губење на нови простори по 1913 година.

„Имаме информации дека спогодбата е катастрофална за Албанија. Текстот е подготвен од страна на Грција која укажала дека нема да преговара”- рекол Бериша.

Албанската опозиција најавува спротиставување на спогодбата затоа што тврдат дека е на штета на земјата.

ИЗВОР: ВЕЧЕР

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ