Некатегоризирано

МВР поднесе прекршочна пријава против Стоилов

Како што пренесува порталот ДЕРБИ, МВР поднесе прекршочна пријава против Стоилов.Министерството за внатрешни работи на Македонија уште во текот на вчерашниот ден го потврди инцидентот во кој бил уништен и автомобилот на Дејан Манасков, а денеска преку официјално соопштение објасни дека е поднесена прекршочна пријава против Стојанче Стоилов и напаѓачот со иницијали Т.Г.

– На 02.02.2016 година во 04:30 часот во ПСОН Центар, С.С. од Скопје пријавил дека од страна на Т.Г. (33) од Скопје и 4-5 непознати лица врз него е извршен физички напад, при што се здобил со видливи повреди.

Имено околу 04,00 часот, на ул.„Костурски херои“ бб во пекарницата „Силбо“, додека С.С. јадел заедно со неговите другари Д.М. и Н.Т. му пришле 4 до 5 непознати лица, кои сакале да се сликаат со него, но кога одбил, почнале вербално да го навредуваат и да му упатуваат поградни зборови, по што истите излегле надвор и почнале да ги оштетуваат возилата на Д.М. и Н.Т. По ова и С.С. заедно со Д.М. и Н.Т. излегле надвор да видат што се случува при што С.С. бил физички нападнат со клоци и тупаници од страна на Т.Г. и другите непознати лица со кои претходно имал вербална расправија. Од извршениот разговор со инволвираните лица и со сведоците случајот е расчистен и на С.С. и Т.Г. им е издаден записник за констатиран прекршок по чл. 11 (“тепачка“) од ЗППЈРМ, – гласи официјалното соопштение на МВР.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ