Ракометната репрезентација го одигра најлошиот натпревар на европските првенства. Хрватите вечерва не понижија на сите полиња, а веднаш по мечот, хрватскиот весник „Јутарњи лист” објави дека додека „коцкестите” ги „газеле” нашите на теренот, избраниците на Обрван се карале меѓусебно.
По дуелот, нашите ракометари одбиле да соопштат дали нешто се случило во соблекувалната и дали тоа влијаеше на лошата атмосфера и игра во тимот.